Здружение за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ – Штип апелира до работниците кои работат денеска да пријават ако не им е соодветно исплатено со јануарската плата.
„„Гласен текстилец“ апелира работничките кои работат денеска да пријават ако не им е соодветно платено.
Ги известуваме работниците/чките кои ќе работат на ден 19.01.2022 година Богојавление-Водици дека ги следува празнична дневница поради работа на празник и доколку не и е соодветно платено кога ќе земат плата за месец јануари 2022 година, да пријават за да можеме да реагираме до Државниот трудов инспекторат се со цел да се задолжат работодавачите да го исплатат секој труд кој работникот го вложува во своето работење за време на празници,“ пишува „Гласен текстилец“ на нивниот Фејсбук-профил.
Фото: Влада