еМагазин
Image default
Балкан

Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос, се евакуираат жители од приморското село Кинира

Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа, а утрово, превентивно е евакуирано приморското село Кинира, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во планински непрооден дел, интервенираат 102 пожарникари со пет пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат и пожарникари волонтери, армијата, како и цистерни и возила од општините.

Поголемиот дел од пожарникарите на островот пристигнаа од северна Грција. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во селото Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов по катастрофалните резултати поднесе оставка и повика партиите да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија

Редакција

ЕУ побара нови избори во општините на северот на Косово, учество на Србите и формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство

Редакција

И македонски државјанин меѓу загинатите во експлозија во фабрика во Словенија

Редакција