еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голема првоаприлска забава со „Светот на Биби“ во Веро центар

Најшарениот, најрадосниот и најзабавниот настан по повод 1 Април ќе се одржи утре (сабота) од 12 часот во Веро центар, каде што дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата, информираат од таму.

-На Априлијадата добредојдени се сите дечиња со маски и без маски, како и нивните родители, баби и дедовци. Сите заедно во Веро центар ќе пеат, другаруваат и ќе се забавуваат со јунаците од „Светот на Биби“.

Настанот ќе почне во 12 часот во холот на Веро центар, кога сите што собираат сликички од албумот „Светот на Биби“ ќе може да се менуваат со сликички и да го комплетираат својот албум.

Во 12:30 часот на дечињата ќе им се придружи омилената Биби, која заедно со нив ќе пее, ќе се забавува и ќе го слави 1 Април со многу игра и смеа. Забавата е загарантирана за сите присутни, а сите дечиња кои ќе дојдат маскирани како некој од јунаците од „Светот на Биби“ ќе добијат подарок изненадување.

Веро центар утре ќе биде зборно место за најлудата и најраспеаната првоаприлска забава. Не пропуштајте ја!, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помош од 1,2 милиони денари од Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

Новите Jaguar F-Pace и Range Rover Evogue ќе ги пречекаат гостите на Британска амбасада

Редакција

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град Скопје

Редакција