еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Нето-надворешниот долг зголемен за 432 милиона евра

Нето-надворешниот долг изнесува 4.349 милиони евра (или 33,7% од проценетиот БДП), информираат од Народна банка.

Нето-надворешниот долг во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра, или за 11%.

Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64%.

Во текот на четвртиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 318 милиони евра и изнесува 8.151 милион евра, што претставува 63,2% од проценетиот БДП за 2022 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од сабота струјата поскапува за 9,48%, се укинува и дневната евтина тарифа

Редакција

Како да инвестирате: Граѓанските обврзници од втората емисија се достапни

Редакција

Општина Тетово склучи договор со “Ереу транс“ вреден над 1 милион евра

Редакција