еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали за убиството во казиното: Пукал, па во глава го удирал со кундакот од пиштолот, се трага по сторителот

Дежурен јавен обвинител од скопското Основното јавно обвинителство изврши увид во казиното во Капиштец каде утринава беше убиено едно лице. По осомничениот за убиството сè уште се трага.

Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба.

– Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното.

Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата.

Жртвата им подлегнала на повредите на самото место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството, соопштуваат од ЈО.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

– Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од самото место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видеонадзорот на објектот, известуваат од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во казино во скопски Капиштец убиен 46-годишен жител на Арачиново

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ги потпиша указите за законите од петиот пакет мерки и одговори на прозивките од Мицкоски

Редакција

На почеток сме од објавувањето на скандалите на владата на ДУИ, подржана од СДСМ, вели Мицкоски

Редакција

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 2 милиони

Редакција