еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 2 милиони

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот надмина два милиони, откако страницата за следење на пандемијата „Ворлдметер“, ноќеска прикажа дека досега во светот умреле 2.000.223 лица од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата 93.443.135 лица се заразени со вирусот, а 66.682.010 оздравеле.

Како активни случаи во моментов се водат 24.760.902 случаи, од кои 0,5 проценти од пациентите се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД, каде досега умреле 397.264 лица, по која следуваат Бразил со 207.095 и Индија со 151.954 умрени пациенти.

Од европските земји, највисока стапка на смртност има Обединетото Кралство, каде 86.015 лица ја загубиле битката со коронавирусот, по што следат Италија со 80.848 и Франција со 69.313 смртни случаи.

САД се рангирани на првото место и по бројот на потврдени случаи, каде досега се регистрирани 23,8 милиони, пред Индија со 10,5 милиони и Бразил со 8,3 милиони заразени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Есад Рахиќ, новиот в.д. директор на затворот „Скопје“ во Шутка

Редакција

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

Редакција

Мицотакис во соопштенијата за средбите со Заев не го користи името Северна Македонија, вели Ципрас

Редакција