еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Мицотакис во соопштенијата за средбите со Заев не го користи името Северна Македонија, вели Ципрас

Критики до актуелната грчка Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис дека иако го почитува Договорот од Преспа, сепак на неодредено време ја одложува ратификацијата на трите меморандуми за соработка со Северна Македонија, упати лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи на партиски настан во Солун, рече дека „паметиме кога пред две години Мицотакис рака под рака со мрачниот естаблишмент на градот, со радикалната десница, па дури и со неонацистите се бореа против договорот што даде праведно и одржливо решение на проблемот создаден од неговата партија“.

-И навистина се прашувам каде се скрија сите оние кои тогаш со омраза се бореа против договорот што ги бранеше и ги брани националните интереси. Но денес, самиот господин Мицотакис, кој тогаш беше во првите редови на оваа борба, од една страна изјавува дека го почитува договорот, но од друга страна, покажувајќи политички кукавичлук и лицемерие, ги одложува на неодредено меморандумите за соработка со Северна Македонија, меморандуми кои го штитат националниот интерес, бидејќи обезбедуваат грчките воени авиони да бидат тие кои ќе го надгледуваат воздушниот простор на нашата соседна земја, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА упати критики до Мицотакис дека во официјалните соопштенија за средбите со Зоран Заев не го користи името Северна Македонија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Редакција

Каков имот пријавил Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

32-годишен Македонец претепан до смрт во Есен, Германијa

Редакција