Вечниот загубар и должник државното акционерско друштво „Железници Транспорт“ повторно ќе биде спасуван од банкрот со издавање на акции, кои со пари на граѓаните, ќе ги купи Владата, а истите се во вредност од 15,6 милини евра.
Оваа е четврти пат оваа Друштво да се спасува на овој начин, а истото за тоа добило одобрение од Комисијата за хартии од вредност.
„Со четвртата емисија, Друштвото ќе издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. Вкупната продажна вредност на емисијата e 962.913.000 денари.
Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање.
Приватната понуда е наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Влада на Република Северна Македонија, како институционален инвеститор“, соопштија од Комисијата за хартии од вредност.
Фото: МЖ