еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот Димитриевски: „Шегата“ на Рама е неприфатлива, должи извинување кон премиерот и македонската јавност

На невкусната шега на албанскиот премиер Еди Рама, кој македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Солун на германскиот канцелар Олаф Шолц му го престави како премиер на “западна Бугарија“, реагираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

“Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит, но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат.

“Шегата” на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон премиерот, но и кон целата македонска јавност.

Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување.

Молкот е повеќе од срам!

Дали вака размислувате да градиме Отворен Балкан?“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сарказам за Бугарија и иронија со ЕУ, значела шегата на Рама за “западна Бугарија“

(Видео) Рама на шега го престави Ковачевски на Шолц како “премиер на западна Бугарија„

Фото: Димитриевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките

Редакција

Се наложува Сашо Мијалков веднаш да биде пуштен и да се брани од слобода, велат од Основен кривичен суд Скопје

Редакција

Македонија преку ЕУ ќе добие пристап до лекот „ремдесивир“

Редакција