еМагазин
Image default
Македонија

Зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките

Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра. Од стартот на отворањето на градинките досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот.

Според министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, трендот е ист како и епидемиолошката состојба во земјава. Во периодот од 6 до 19 октомври регистрирани се шест дечиња и 21 вработен позитивени на вирусот.

„Здравствената состојба на сите што досега беа позитивни дечиња и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата така што генерално здравствената состојба на децата и вработените во градинките е добра“, изјави Шахпаска.

Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени.

Вели состојбата се следи и ќе се носат одлуки во консултација и соработка со здравствените и локалните власти.

„Будно се следи состојбата. Ќе носиме одлуки заедно со локалните самоуправи затоа што не секаде епидемиолошката состојба е иста. Најважен капитал е здравјето на граѓаните и на најмладите“, рече Шахпаска, одговарајќи дали се размислува за затворање на градинките.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 во Обвинителството за да заврши со поднесувањето кривични пријави против функционери и бизнисмени

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Полициски час и рестриктивни мерки и во следните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција