еМагазин
Image default
Македонија

Македонија преку ЕУ ќе добие пристап до лекот „ремдесивир“

Преку Европската Унија, Македонија добива брз пристап до лекот „ремдесивир“, информираат од Министерство за здравство.

„Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините.

Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово,“ се вели во соопштението.

Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.

„Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската здравствена организација веќе го има лекот Ремдесивир, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството чека кривична од МВР за нападот во Контролата на летање

Редакција

276 се реинфекции: Нови 2.051 случаи на Ковид-19 од 6.353 тестирања

Редакција

Сите вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба, велат од Министерството за здравство

Редакција