еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит со намалена добивка во првите девет месеци

Во периодот јануари – септември 2022 година, Гранит АД Скопје оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 82,696 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 23,572 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради останатата сеопфатна загуба во износ од 59,124 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2022 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 3,521,810 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 4%.

Приходите од продажба за периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 3,260,950 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 3%.

Финансиските приходи за периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 75,864 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 1%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2022 година се во износ од  3,439,114 илјади денари, споредено со истиот период 2021 година бележат зголемување за 5% .

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 4% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали и соровини за изградба (нафта, цемент, железо, електрична енергија и др).

Трошоците за вработени се на исто ниво како минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 62%.

Трошоците за услуги се намалени во однос на претходната година за 3%, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу купи Зоран Милковски: Членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит повторно купија акции на компанијата

Виолета Божиновска повторно купи акции во Гранит

Сава пензиско друштво ги продаде акциите во Гранит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Спектартермо вреден 2,8 милиони евра

Редакција

Грчки ЕДС, во конзорциум со фирма со еден вработен се јави на тендерот за универзален снабдувач со струја

Редакција

Уплатата и испораката на екстра-лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври

Редакција