еМагазин
Image default
Македонија

Грчките тајни служби спречиле атентат против Заев, тврди грчки медиум

Грчките тајни служби и владата спречиле обид за атентат врз премиерот на Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред  Парламентот да изгласа промена на Уставот, објави грчкиот медиум „Недела навечер“.

Медиумот се повикува на извор од Министерство за надворешни работи, кој во исто време бил и неформална врска со тајните служби и Министерството за одбрана и кој играл значајна улога во целиот случај.

Според „Недела навечер“ грчките тајни служби го информирале тогашниот премиер Алексис Ципрас дека во Македонија има интензивна мобилизација против Заев. Во исто време, американските служби сметале дека „силите што имаат интерес да не се потпише Договорот ќе се обидат да спречат промена на Уставот на Македонија од страна на Парламентот“, но не ја знаеле длабочината на тие отпори. Набргу потоа следува протерување на руски дипломати од Атина.

Американците ги пресретнале разговорите на раководителите во опкружувањето на Никола Груевски во Унгарија, што ја документира мобилизацијата околу обидот да се спречи промената на Уставот, како и тие со преставници на иселеничките организации. Обидот бил финансиран од некои странски организации и бил планиран од разузнавачки службеници од трети земји, кои се појавуваат во Македонија или како трговски агенти или како директори на медиуми.

Според „Недела навечер“, грчките разузнавачки служби го информирале Министерството за надворешни работи дека „претстои агресивна акција против Зоран Заев“, без докази што би довеле до нешто поконкретно. Тогашниот премиер му наложува на Министерството за надворешни работи да ги извести надлежните органи на соседната земја, а прв е информиран тогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, а, преку други „канали“, Зоран Заев.

Американците презеле дискретна заштита на Заев и испратиле пораки до странските амбасади и ВМРО-ДПМНЕ дека „знаат“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Уставен суд после три години му „текнало“ да расправа за укинатото помилување

Редакција

Пријави лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201

Редакција

За 38,1% помалку смртни случаи од Ковид-19 во однос на минатата недела

Редакција