еМагазин
Image default
Македонија

Група од 39 граѓани на Авганистан кои престојуваа во Македонија заминаа за Канада

Нова група од 39 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава, претпладнево од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во рамки на здружената глобална акција за помош на авганистански цивили.

Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка.

– Во рамките на спасувачката мисија, во Северна Македонија во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош.

Од земјава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев пиел кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица

Редакција

Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром

Редакција

541 казни за неносење маска

Редакција