Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза објавија дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка.
Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.
„Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанца за заедничко работење во Република Албанија.
Купопродажната трансакција е предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните јурисдикции.
Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен одбор и ќе продолжи да ги проширува активностите на банката во Република Албанија.
Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.
Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат да ја надоградат таа репутација и доверба од клиентите и понатаму да ги зголемат активностите на банката.
Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.
Комерцијална банка АД Скопје е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање на нови производи користејќи интернет платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа“, велат од Комерцијална банка.