еМагазин
Image default
Македонија

Хакери го преземаа Твитер профилот на министерот Османи

Официјалниот Твитер профил на минисистерот за надворешни работи, Бујар Османи е хакиран.

Профилот е преименуван во „Sheldon The Sniper“, a променети се и сите информации, како и профилни фотографии.

Османи на Фејсбук потврди дека Твитер профилот бил предмет на хакерски напад и е преземен од непознати лица.

“Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван Твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица.

Be известувам дека во моментов, мојот Твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, напиша Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Редакција

Меџити најави дека повеќе од 10 лекови ќе бидат ставени на позитивната листа

Редакција

(Видео) Мендух Тачи: „Не може да има влада без Албанци, може да има војна“

Редакција