еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хирурзите од ГОБ „8 Септември“ со писмо до Заев и Филипче: Нема да работат итни операции, има незадоволство од директорот

Во ГОБ „8 Септември“ од понеделник нема да се извршуваат итни операции, туку само животозагрозувачки. Ова меѓудругото се вели во писмото кое четириесетина хирурзи го испратиле до министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, како резултат на незадоволство од работењето на директорот Христијан Костов.

Во реакцијата се вели дека во болницата секојдневно функционирале само две хируршки сали дневно, наместо полниот капацитет, кој би бил шест сали во текот на денот.

За лошата организација тие го обвинуваат директорот Костов, кој не сакал да комуницира со нив.

Хирурзите со писмото велат дека им било јасно дека со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но она што се случува е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција, не можат да добијат термин за хируршка интервенција.

„Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност но истите или не се стигнати до директорот или истиот не ги спроведува ниту предложува други решенија“, реагираат хирурзите.

Нивните барања се да се овозможат услови во болницата за да може таа да им пружи хируршка здравствена заштита на поголем број на пациенти, чии болести не исчезнуваат поради пандемијата.

„За надминување на ситуацијата постојат неколку решенија и сме отворени за дополнителни предлози“, стои во писмото потпишано од 40 хирурзи.

Во дописот тие потсетуваат дека во изминатите две години тие се главен ковид центар каде што се згрижуваат најтешките пациенти, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво.

„За жал по нечија необјаснива логика ГОБ „8 Септември“ уште се држи на секундарно ниво,“ се додава во писмото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот министер Димовски си замина, останатите тројца осомничени се уште се во Кривичниот суд

Редакција

Филипче: Можни се рестрикции на работно време на места каде што може да се собираат луѓе за Нова година

Редакција

Грција ќе добие привремена службена Влада која треба да организира нови избори на 25 јуни

Редакција