еМагазин
Image default
Македонија

Холандската амбасада го демантира бугарски „24 часа“: Лажна е веста дека Холандија стои зад бугарското вето

Холандската амбасада го демантира бугарскиот весник „24 часа“, кој објави дека Холандија и Данска застанале зад бугарското вето за Македонија.

„Неоснована и лажна е веста што излезе во некои медиуми во текот на вчерашниот ден дека Холандија ја поддржила Бугарија во блокадата на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската Униија (ЕУ), стои во реакцијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, од каде потсетуваат на одлуката на холандската Влада од 30 октомври оваа година со која се информирал тамиошниот парламент дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи.

„Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка, порачуваат од Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска и Холандија застанале зад бугарското вето за Македонија, тврди бугарски весник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев дознал за „бомбите“ од Верушевски, најприслушувани биле тој и Црвенковски

Редакција

До Уставен досега немало иницијатива за дерегистирање на партијата “Десна“ на Палевски

Редакција

Мицкоски во Дубровник се сретна со Зеленски

Редакција