еМагазин
Image default
Локално

Хорор во Гостивар: И влегол дома, побарал кафе, па сакал да ја силува

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело – силување во обид.

„На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе.

Откако го одбила, тој ја нападнал започнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата.

Оштетената за цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата“, информираат од ОЈО Гостивар.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледајте ги вечерва на Плоштад, затемнувањето на Месечината и Марс најблиску до Земјата

Редакција

29-годишно момче од струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција

По инцидентот со воспитувачка, вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија

Редакција