еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели Метропол во првото полугодие со загуба

Хотели Метропол АД Охрид за периодот јануари – јуни 2023 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите од работењето на Хотели Метропол за периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 52.125 илјади денари и покажуваат зголемување од 3% во однос на приходите за овај период 2022 година.

Од овој приход на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 50.976 илјади денари. Останатите приходи во износ од 524 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година.

Финансиските приходи за разгледуваниот период 2023 година бележат зголемување во однос на истите за 2022 година.

Хотели Метропол во првиот семестар на 2023 година оствари негативен финансиски резултат, остварувајќи загуба од 15.103 илјади денари, велат од таму.

Расходите од работењето во износ од 67.935 илјади денари, бележат зголемување од 2% во однос на расходите за овај период во 2022 година.

-Најголемо учество во вкупните расходи со 43% имаат трошоците за вработените во износ од 29.076 илјади денари, кои бележат зголемување од 6%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 14.284 илјади денари имаат учество од околу 21% во вкупните расходи, односно се намалени за 27% во однос на иститот период минатата година.

Останатите трошоци бележат исто така зголемување во однос на истите од претходната година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Наков избран за претседател на Одборот на директори на Хотели Метропол

Драган Наков, Сашо Наков и Јелена Наков избрани за членови на Одборот на директори на Хотели Метропол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на Управниот одбор, Ивановски, купи акции во Аутомакедонија

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Градоначалничката Арсовска го стопираше проектот за автобуското метро во Скопје

Редакција