еМагазин
Image default
Македонија

Хронично болните имаат рок до 23 септември да добијат потврда од спецјалист за да не се вратат на работа

Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа.

За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање, беше истакнато на средбата помеѓу претставниците на здруженијата на пациенти со министерот за здравство, Венко Филипче.

„Најпрво со измена на правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување ќе се дозволи лекарот специјалист да даде потврда и за отсуство од работа на неопределено време или за одредено време, многу подолго, отколку што досега беше дозволено, без притоа да има контролни прегледи, праќање на комисии, дополнителни испитувања.

Значи, со цел да се олесни комуникацијата, пристапот на пациентите, оваа одлука за враќање на работа на сите останати хронично болни, кои што нема потреба да ја вадат оваа потврда ќе биде од 23 септември, значи останува доволно време во следниот период, а ќе има и доволни термини за закажување прегледи преку системот МојТермин и дополнителни термини за Е-амбуланта,“ истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хронично болните се враќаат на работа: За кој не важи одлуката на Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата препорачува еден член од семејството да купува намирници и лекови од маркетите и аптеките

Редакција

Бугарското Министерство за одбрана во воените архиви ќе бара дали имало гробница на бугарски војници кај Кавадарци

Редакција

Нови 139 случаи на Ковид-19 од 1.424 тестови

Редакција