еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското Министерство за одбрана во воените архиви ќе бара дали имало гробница на бугарски војници кај Кавадарци

Министерството за одбрана на Бугарија започна инспекција во воените архиви за да утврди дали се чуваат карти, кои покажуваат каде точно се наоѓала теренската болница на 8-та пешадиска дивизија Тунџа.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие можат да дадат повеќе информации за тоа дали има гробница на бугарски војници во областа на двата споменика во близина на Кавадарци или станува збор за историска хипотеза.

Министерството за одбрана на Бугарија започна истрага по тврдењата на Фондацијата Македонија и бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за можно сквернавење на бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија.

Споменик од гранит со крст и спомен плоча на 193 -те бугарски војници убиени за време на Првата светска војна се наоѓаат на 12 километри од Кавадарци, во непосредна близина на новоизградениот автопат што треба да го поврзе Скопје со Прилеп.

Екипа на Бугарската национална телевизија која вчера го посетила местото, јави дека двата споменика во близина на Кавадарци, се целосно недопрени.

БНТ емитуваше разговор со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците. Тој за БНТ изјави дека таму никогаш не видел воени гробишта.

Поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменика. И тој потврди за Бугарската национална телевизија дека немало гробишта.

Камчев, исто така, рече дека во 2017 година, кога започна изградбата на автопатот, побарале дозвола да се помести споменикот на Пере Тошев. Се консултирале со тогашната организација на Бугарите и со нивна согласност споменикот бил поместен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ги отфрли тврдењата за наводно оштетување на спомен обележје на бугарски војници кај Кавадарци

Спомениците на бугарските војници кај Кавадарци се целосно недопрени, објави бугарската национална телевизија БНТ

Фото: Бугарско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ го доби тендерот на Министерство за здравство за набавка на бензин

Редакција

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Редакција

„Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе“: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за напредокот на Македонија

Редакција