еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спомениците на бугарските војници кај Кавадарци се целосно недопрени, објави бугарската национална телевизија БНТ

Бугарската национална телевизија БНТ објави дека спомениците на бугарските војници убиени во Првата светска војна во близина на Кавадарци се целосно недопрени.

Телевизијата на лице место ја проверила состојбата, откако бугарското Министерство за надворешни работи (МНР), но и претседателот Румен Радев и неговата заменичка Илијана Јотова, повикувајќи се на бугарската Фондација „Македонија“ реагираа дека за време на изградбата на автопатот што поминува покрај Кавадарци, двете воени гробишта биле уништени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ги отфрли тврдењата за наводно оштетување на спомен обележје на бугарски војници кај Кавадарци

Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност, велат од бугарското МНР

Од БНТ разговарале со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците, кој вели дека не видел воени гробишта.

И поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменици и дека и тој не видел гробишта.

Откако вчера реагираа од бугарското МНР, денеска Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев ја коментирал и темата за уништените бугарски воени гробишта во Македонија. Тој рекол дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакнал дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Македонија.

-Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја.

Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Северна Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Северна Македонија, додал Румен Радев.

Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додал Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Македонија. 

Прашањето за членство на Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, изјави потпретседателката на Бугарија, Јотова.

Јотова во изјава за БНТ се осврна и на, како што рече, „скеврнавењето на гробовите на бугарските војници во Република С.Македонија“, оценувајќи дека тоа е „многу долга сага“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јотова потсети дека во 2010 година не само во нивната земја, туку и во Европскиот парламент, бугарската делегација го поставила ова прашање, како и тоа дека имало и мисија во Македонија во врска со тоа, во која учествувале европратеници од други држави членки на ЕУ.

-За толку години судбината на воените споменици во С. Македонија воопшто не се промени, со еден мал исклучок – со споменикот на полковникот Каварналиев, истакна Јотова, додавајќи дека Бугарија има право на ваквата „цврста позиција, која ја зазеде неодамна“.

Фото: БНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хакирана Европската агенција за лекови, цел на нападот документите за вакцината на Фајзер и Бионтек

Редакција

Премиера на филмот „Охрид, Охрид убав мил“ по повод Св.Климент Охридски

Редакција

Стевановиќ уште еднаш упати апел граѓаните да помогнат на лекарите и да ги почитуваат мерките

Редакција