еМагазин
Image default
Македонија

И јануари е опција за старт на преговорите со ЕУ, вели Димитров

Фокусот за договор со Софија за надминување на разликите е на декември, но периодот е краток и затоа не се исклучува и јануари како опција за датум за почеток на преговорите на земјава со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Тој потенцира дека актуелниот претседавач со ЕУ, Словенија има стратешки интерес „да го мрдне регионот кон Европската Унија“, потсетувајќи дека по неа претседавањето со ЕУ го презема Франција, каде на пролет се предвидени претседателски избори.

– Иако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време, иако мислам дека фокусот треба да ни биде на декември, изјави Димитров за ТВ 24.

Во пресрет на Самитот на ЕУ во декември, утре во Скопје ќе престојува австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт, а исто така утре во дводневна посета на земјава ќе допатува полскиот претседател Анджеј Дуда. Една од главните теми на нивните средби со домаќините во Скопје, ќе биде токму европската перспектива на земјава.

МИА/Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на здравствени работници со коронавирусот, 16 се заразиле во болница

Редакција

Филипче: Лично поддржувам декриминализација на употребата на дрога

Редакција

Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат

Редакција