еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Тодор Мирчевски се спогоди за „Империја“, ќе лежи 3 години

Освен Сашо Мијалков, со обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Империја“ се спогоди и некогашниот директор на офшор компанијата „Ексико“, Тодор Мирчевски, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

-Обвинетиот Т.М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Делата ги сторил во својство на управител и член на одбори на повеќе правни лица опфатени со постапката, при што примал и пренесувал парични средства по упатства на другите членови на злосторничкото здружување.

За овие кривични дела, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесената предлог-спогодба, со која обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од 3 години, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа: Што се му се одзема на Сашо Мијалков

Ќе му бидат конфискувани и 25 станови: Мијалков призна вината за „Империја“ и доби три години затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен суд: Судските служби прават обиди за доставата на решението до Груевски

Редакција

Денеска почнува пролетта

Редакција

Проф. Трајковски: Во текот на целиот септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи на Ковид-19 дневно

Редакција