Да и помогнеме на Марија, самохрана мајка, на која и се потребни пари за лекување од канцер на бронх.
“Потребни сме и на Марија!
Да не ја оставиме на пола пат. Половина од паричните средства се собрани, ајде заедно да ја собереме и другата половина, да покажеме дека како и секогаш кога е потребно сме тука, дека сме хумани и со големо срце.
Нашите 100 денари за Марија живот значат. Доколку не сте во можност да донирате споделете, може вашите пријатели ќе можат да донираат.
Марија е посебна мајка, мајка која се ќе направи за своето дете, мајка која неможе никогаш да го остави своето дете кое е со посебни потреби. Марија е самохрана која покрај сите тешкотии во животот продолжува да се бори со насмевка на лицето и не се откажува.
На Марија и се појавува канцер на бронх за кои не постои операција, но постојат третмани и хемотерапии кои можат да ја спасат, кои можат да и помогнат да продолжи да живее. Најголемата мака на оваа мајка е како моето дете кое е со посебни потреби ќе продолжи без мене. Кој ќе го чува? Кој ќе се грижи за Теодор?
Да ја спасиме Марија и да и покажеме дрка не е сама, дека сме тука со неа. Имаме отворени донациски броеви на кој можеме да донираме и да и бидеме помош и поддршка на оваа мајка, да и покажеме дека не е сама и дека сме тука за нејзе. За тие што не сте од Македонија може да донирате преку gofoundme: gofundme.com, Fundraiser – facebook.com и преку жиро сметката на Марија: Марија Мери Манчева и Теодор“, стои во апелот на социјалните мрежи.