еМагазин
Image default
Македонија

И во Велес започна масовната вакцинација

Во спортската сала на Средното училиште ССОУ „Коле Неделковски“, денеска во Велес започна масовна вакцинација, за заштита од Ковид-19.

Од 10 до 16 часот вакцинирани се 400 граѓани со вакцина на „АстраЗенека“ од која се добиени илјада дози, а за утре се најавени и илјада дози од кинеската „Синофарм“.

На овој пункт опремен со 15 кабини, а на кој работат шест доктори и осум медицински центар од ЈЗУ Здравствен дом освен од Велес, се врши и вакцинирање на жителите Градско, Чашка и Лозово.

Како што информираа од тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ на овој масовен вакцинален пункт денеска се вршеше прво вакцинирање, додека ревакцината е на пунктот каде што ја примиле. Тие појаснија дека засега вакцинацијата оди без проблеми.

Во работата на пунктот освен од локалната власт има и волонтери на Општинскиот Црвен крст, припадници на Армијата и СВР Велес.

Воедно утре ќе се продолжи и со ревакцинација и на пунктот кој и претходно работеше во Здравствен дом Велес, и тоа на лица кои таму веќе ја примиле прва вакцина.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одзивот на гласачи до 20.45 изнесува 50,86 проценти

Редакција

Две жени од Кавадарци и една од Демир Капија заразени со Ковид-19

Редакција

Во антифашистичка војна, македонскиот народ избра да гради држава за сите и на сите, како што е сега ЕУ, вели Ковачевски

Редакција