еМагазин
Image default
Бизнис

Илијевски: Владата дупло сака да ги зголеми давачките за игри на среќа и да не уништи како индустрија

Индустријата на игри на среќа во Македонија има највисоки даноци во Европа. Новите законски измени кои Владата ги крие, содржат сериозни финансиски импликации за оваа индустрија вели во интервју за Локално, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници во Македонија (АСОМ), Васко Илијевски.

Сега Владата сака двојно да ги зголеми давачките за лиценци и нови уплатни места, што води кон затворање на индустријата, објаснува Илијевски.

„Со овие измени се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница на 200.000 евра, додека за секое следно уплатно-исплатно место, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра. Ова е речиси двојно зголемување на давачките.

Во која индустрија компаниите би можеле да издржат двојно зголемување на даноци и давачки? Ова се паушални бројки и покачувања кои немаат допир со пазарот и лесно со воочува целосно отсуство на економска логика.

Јасно е дека зголемувањето не е направено врз база на реални финансиски анализи. Според нас истото ги преминува сите граници и се врши со задни намери кои повторно водат до затворање на нашата индустрија,“ вели Илијевски.

За АСОМ е неприфатливо ново законско решение кое ќе задира во веќе постоечките лиценци.

Илијевски објаснува дека врза база на веќе постоечките лиценци, приредувачите на игри на среќа ги изработиле своите пресметки и финансиски планови.

„Сакаме да потенцираме дека лиценците имаат точен рок на траење и каков било упад во наметнати давачки за време на траењето на лиценцата е противуставно и надвор од секоја логика и европска пракса.

Промените може да имплицираат правни постапки за оштета и заштита на права на приредувачите кои работат според лиценци со однапред поставени услови. Секоја промена во Закон, особено во делот на финансиски импликации, мора да започнува со истек на старата лиценца, односно со почеток на новата лиценца,“ вели во интервјуто претседателот на АСОМ.

Претседателот на АСОМ, Илијевски во интервјуто уште еднаш предупреди дека доколку вакво законско решение се усвои, без работа ќе останат 10 илјади вработени од индустријата на игри на среќа, а истото може да доведе до негативни импликации на уште 54 илјади лица чија дејност е врзана за овој бизнис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сопственик на ресторан од Гевгелија низ солзи: 7.000 евра казна за гости со лажни сертификати во време кога две години се бориме да преживееме, животот ќе ми се зацрни

Редакција

Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот, вели Ковачевски

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот на Здравствен дом-Скопје за набавка на 13 возила вреден 224.000 евра

Редакција