еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Има загинати: Утрово сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утринава на автопатот Штип – Миладиновци во близина на на населбата Три Чешми.

Според првичните информации, во сообраќајката е загинато едно лице.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека несреќата се случила меѓу товарно возило и авгомобил.

Во моментов на местото на несреќата се екипи на Итна медицинска помош, Противпожарната единица и Полиција, по што ќе се изврши и увид за причините на несреќата.

АМСМ известија дека сообраќајот на автопатот Штип – Миладиновци е во прекин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија по одлуката на ЕУ, Г7 и Австралија за ограничување на цената на руската нафта: Ние секогаш ќе имаме купувачи

Редакција

Четворица македонски државјани евакуирани од Судан

Редакција

30 години „Варус“ на македонскиот и регионалниот пазар: Во партнерство со науката, посветени на животот

Редакција