еМагазин
Image default
Техно

Информациското моделирање може многу да заштеди средства и да намали грешки во големите инфраструктурни објекти

„Информациското моделирање на градбите – БИМ во инфраструктурни објекти“ беше насловот на 6-тата работилница која се одржа во Јавното претпријатие за државни патишта. На работилницата учествуваа околу 40 инженери од Јавното претпријатие, градежните компании, Министерството за транспорт и врски и универзитетски професори.

„Задоволство е да се биде меѓу врвни стручњаци и меѓународни експерти од областа на Информациско моделирање на градби, партнери во проектот ТРАИНЕЕ во рамки на Програмата на ЕУ за енергетска ефикасност, во европската програма Хоризонт 2020. Постоење на квалитетна патна инфраструктура е основен предуслов за економски напредок на земјата, странски инвестиции и нови вработувања.

Како носители на реализација на проектите за изградба и модернизација на патната инфраструктура имаме исклучителна можност да направиме значајни промени, создавајќи јавни добра од бенефит за нас и за генерациите што следуваат. Но тоа не е возможно без следење на научните и технолошките достигнувања и нивна имплементација при градбата“, вели Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според него, за да се зголеми ефикасноста и да се подобри менаџирањето со големите инфраструктурни објекти, воведувањето на БИМ пристапот во доменот на инфраструктурните објекти е од особен интерес, што е согласно следењето на препораките на Европските директиви.

Спроведувањето на БИМ ја олеснува тимската работа, придонесува за намалување на грешките, зголемување на предвидливоста на трошоците и подобро взаемно разбирање”.

За професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија, работилницата има цел да ги запознае инженерите што работат на инфраструктурни проекти со можностите на БИМ технологијата и начините за нeјзина имплементација.

„Истовремено беа претставени обуките за БИМ кои ќе се организираат во рамките на ТРАИНЕЕ проектот од страна на нашиот партнер БИМ Акедемијата од Барселона. Овие обуки ќе овозможат 50 инженери да се стекнат со европски сертификати“, додаде Спасевска.

Томо Черовшек, професор на Градежниот факултет при универзитетот во Љубљана, вели дека БИМ е основен елемент на патот кон дигитализација и технолошките достигнувања и продуктивноста во градежниот сектор.

„Јавниот сектор како најголем инвеститор игра клучна улога што може да ја мотивира индустријата да го прифати БИМ. Придобивките од БИМ се мерат при намалување на трошоците  од 5 до 10%, заштеда на време и подобрување на квалитетот на градбите. На крај, но не и најмалку важно, БИМ овозможува подобра комуникација, донесување одлуки и транспарентност на градење на проекти во инфраструктурата”.

Игнаси Перез Арнал од БИМ Академијата вели дека: “Европската Комисија во 2014 година усвои Директива за јавни набавки со која препорачува користење на БИМ во државните тендери. Тоа ќе биде придонесе за започнување процеси за дигитализација на градежниот сектор и целосна контрола на процесите. Оваа директива е предизвик за европските земји и во овој момент обврска за користење на БИМ во јавни објекти има во Англија, Франција, Финска, Шведска, Данска и Холандија”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung го претставува најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31

Редакција

Од 12.000 кандидати, НАСА избра 4 жени и 6 мажи за астранаути

Редакција

Уверение за државјанство ќе можете да добиете и на е-маил и мобилен телефон

Редакција