еМагазин
Image default
Бизнис

Инспекторатот на Град Скопје го казни „Ројал Травел ДООЕЛ“ поради вршење превоз без лиценца

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што е изречена казна за фирмата „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ и за фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, информираат од Град Скопје.

-Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ“ вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич од Министерството за економија, што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски, информираат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ“ под којашто е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со „Беса Транс“.

На фирмата „Беса Транс“ и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува.

-Градот Скопје континуирано спроведува теренски контроли, со цел законите коишто се пропишани за оваа дејност да бидат почитувани и имплементирани во секојдневното функционирање на фирмите коишто работат со јавен превоз, а со тоа и да се овозможи квалитетно и одговорно вршење на дејноста од страна на превозниците и заштита на безбедноста на граѓаните.

Соодветни пријави ќе бидат поднесени до надлежните институции за постапување, соопштуваат од Град Скопје.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНИ Банка за три месеци оствари добивка од 47 милиони денари

Редакција

Владата одлучи: Продажба или јавно-приватно партнерство за ТЕЦ Неготино

Редакција

Димитар Поповски продаде 38,19% од акциите во струмичко „Единство“ на Сашко Кузманов

Редакција