еМагазин
Image default
Бизнис

Најтранспаретни за јавните набавки министерствата за економија и одбрана, а најмалку за здравство и образование

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 % (од максимално можни 100 %) од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години (во 2017 година изнесуваше 53,6 %, а во 2016 година 51,7 %).

Ова го покажува третото по ред годишно истражување на начинот на кој што институциите ги спроведуваат тендерите, во рамките на ЕУ проектот: Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.

Истражувањето покажува дека најмногу институции се рангирани во „ограниченото“ ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40 % и 60 % (од можни 100 %). На врвот се Министерствата за економија и за одбрана, а на дното Министерствата за здравство и за образование и наука.

Анализираните институции заедно потрошиле 124 милиони евра за јавни набавки во 2018 година, покажува истражувањето.

Поединечно, најмногу пари за јавни набавки потрошила институцијата која е најслабо рангирана, Министерството за здравство (39 милиони евра), додека, пак, Министерство за економија, како прворангирана, е во групата на институции со помал обем на јавни набавки (334.000 евра).

Институциите со минимално ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во 2018 година потрошиле 31 % од парите, наспроти 2016 година, кога тој удел изнесувал дури 75 % од вредноста на тендерите на Владата и на Собранието, покажува истражувањето.

„Пораснала концентрацијата на фирмите на тендерите. Кај дури пет институции,  уделот на еден носител на набавка во вкупната вредност на тендерите е повисок од 40 %, што се смета како праг за концентрација. Намалено е користењето на постапката со преговарање без објавување оглас.Голем е уделот на анекс-договорите кај анализираните институции и во однос на националниот просек и во однос на ланската состојба“, стои во истражувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

ТТК Банка со добивка во првите девет месеци

Редакција

Пробиен најголемиот друмски тунел во Македонија на автопатот Кичево-Охрид

Редакција