За интерпелацијата која опозициската СДСМ ја поднесе за него, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кажа дека истата е неиздржана.
-Сметам дека оваа интерпелација е неиздржана. Некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност, изјави тој меѓу друго, дополнувајќи дека има доволно аргументи зошто тоа е така и дека потврда за тоа е што е сработено во изминатите две години, “за разлика од нивните седум години“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Фото: МЗШВ














