еМагазин
Image default
Локално

Иселеник-пожарникар донира заштитни одела за гостиварските колеги

Иселеник, кој подолго време живее и работи како пожарникар во Швајцарија, во родниот крај испрати заштитни одела како донација за пожарникарите во Гостивар.

Од професионалната противпожарна единица искажаа благодарност за гестот, бидејќи како што рече Јусуф Бајрами, командирот на единицата, опремата им била неопходна.

– Нашиот сограѓанин Арсим Тахири кој одамна заминал на печалба, како колега ни излезе во пресрет и обезбеди 15 комплети кои пожарникарите ги користат при интервенции.

Покрај шлемовите и специјалните одела-скафандри кои се користат за гаснење пожари има и одела наменети кога се интервенира при сообраќајни несреќи, вели Бајрами.

Тој потенцира дека опремата е според високите западноевропски стандарди и значително ќе ја олесни работата на пожарникарите, а ќе ја подобри и нивната безбедност при интервенциите.

Деновиве, покрај друга работна опрема, гостиварските пожарникари ќе добијат и специјално возило кои ги обезбеди како донација Блерим Селмани, исто така иселеник од гостиварско.

Во составот на противпожарната единица има 38 пожарникари кои ги покриваат и териториите на соседните општини Врапчиште и Маврово-Ростуше.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против охриѓанец кој крадел по куќи во Охрид

Редакција

Лицата кои влечеа коњ со автомобил во Скопје ќе одговараат кривично

Редакција

МВР со детали за тепачката на „Рузвелтова“: Тешко повредено едно лице, еден во бегство

Редакција