еМагазин
Свет

Исланд го издаде првиот пасош за вакцинација против коронавирусот

Исланд го издаде првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирусот за да ги олесни меѓународните патувања за своите граѓани кои веќе ја примиле вакцината, пренесе Гардијан.

Сите 4.800 граѓани кои примиле две дози од вакцината можат да аплицираат за дигиталниот сертификат, соопшти исландското Министерство за здравство.

Министерството додаде дека целта е да се олесни движењето на луѓето меѓу земјите, на начин што, лицата кои примиле вакцина може да покажат потврда за вакцинација на граничните премини за да можат да бидат изземени од ограничувањата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Редакција

Имунитетот на Ковид-19 по заразата може да трае подолго од осум месеци

Редакција

Во Израел 41 лица заразени од индиската мутација на Ковид-19, четири биле вакцинирани

Редакција