еМагазин
Image default
Бизнис

Исплатата на пензиите ќе почне од 27 февруари

Владата на денешната 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари, која ќе почне од 27 месецов.

– Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година, информираат од Владата.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник), за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник), за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за информатичко општество и администрација вработува 35 лица, плата до 32.867 денари

Редакција

Во април раст на депозите за 9,3%, а на кредитите за 6,8%

Редакција

Еуромакс Ресоурцес: Ќе одлучиме што ќе превземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститор

Редакција