еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Откако почина пациентка, затворени операционите сали во болницата во Прилеп, се чекаат резултати од испитувањата

Шест дена се затворени операционите сали на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение во Прилепската болница. Оттаму се земени брисеви и се испитува бактериолошката состојба. Ова го потврдуваат од прилепската градска болница „Борка Талески“ и од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Резултатите од земените брисеви се очекуваат деновиве.

Кети Смилеска, директорка на Прилепската болница објаснува дека сето се случува откако на Скопските клиники почина пациентка од Прилеп која имала компликации ден по извршена киретажа во болницата.

– Во понеделникот 52-годишна прилепчанка имаше киретажа во болницата и беше испратена на домашно лекување. Во вторникот пациентката се вратила во болницата со компликации со зголемена температура. Наредниот ден е испратена на Гинеколошката и на Инфективната клиника во Скопје каде починала.

Од четвртокот се затворени операционите сали и се земени брисеви за испитување. До денес салите се затворени и се чекаат конечните резултати, објасни Смилеска.

Драгица Николоска, директорка на Центарот за јавно здравје потврди дека се затворени операционите сали на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение и дека се чекаат резултати од земените брисеви.

– Чекаме резултати од Институтот за јавно здравје и од микробиолошката лабораторија при прилепскиот Центар за јавно здравје. Резултатите ги очекуваме најдоцна до петок, рече Николоска.

Додека не стигнат резултатите од земените брисеви од операционите сали во Прилепската болница, тие ќе останат затворени.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница УСЈЕ лани со раст на добивката

Редакција

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Редакција

Нови 168 случаи на Ковид-19, оздравени 90, нема починати

Редакција