еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Исплатени се првите 117 милиони евра за проектот со „Бехтел и Енка“

Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери, истакнува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

Кон ЈПДП, информира министерот, се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ  од 7,254 милијади денари.

-Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на останатите чекори и процедури согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот, вели Бочварски во интервјуто.

Владата ја донесе Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година на седница на 23 март, по што беше објавена во Службен весник.

Во Програмата, меѓу останатото, е наведено дека средства во износ од 7.254.000.000 денари (117.000.000 евра) се исплаќаат во две транши и се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: делница 1 (Тетово – Гостивар), делница 2 (Гостивар – Букојчани), делница 3, (Требениште – Струга – Ќафасан) и делница 4 (Прилеп – Битола).

Средствата од првата транша која изнесува 5.390.000.000 денари (87.000.000 евра) и од втората транша во износ од 1.864.000.000 денари (30.000.000 евра) се исплаќаат согласно член 14.7 од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред два дена се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“, тврди Мицкоски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од МВР велат дека блокирањето на автопати било спротивно на законот

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во дебарската болница, за првпат хоспитализирани над 40 лица

Редакција

Пад на прометот на Македонската берза во август

Редакција