еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ

Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција на новинарски прашања каква е процедурата за усвојувањето на преговарачката рамка кај нас во домашните институции и во кој дел од овој предлог имаме гаранција дека ова се последните барања од Софија.

Се она што е во преговарачката рамка, нагласи тој, е во најголем дел нешто што е вообичаено во процесот на преговори.

Она што е битно до првата Меѓувладина конференција, истакна вицепремиерот, е дека преговарачкиот процес го води Владата, а за Европската комисија и државите членки од ЕУ најважно е Владата да ја прифати преговарачката рамка и да започне со преговори.

Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати држави членки на ЕУ, рече Маричиќ, ќе биде свикана првата Меѓувладина конференција на која ќе се разговара понатаму за наредните чекори и за официјалното усвојување на преговарачката рамка, бидејќи тоа е многу важен документ што ги утврдува правилата и основите на преговорите со ЕУ и практично претставува основа за понатамошно драфтирање или креирање на договорот за наше пристапување кон ЕУ.

– Во рамки на овој документ, така како што е предложен, не постои, не е ставен протоколот што значи дека е исполнето нашето очекување да ги немаме историските прашања, кои би го оптовариле овој процес, потврди вицепремиерот Маричиќ.

Во однос на прашањето дали и кога може некој да не блокира, тој посочи дека досега го имаме искуството во регионот, а Европската Комисија уште во 2009 година ги воведе добрососедските односи како еден од постојаните критериумите во воведниот политички дел на критериумите и сите оние договори што се наоѓаат таму како услов за нивно исполнување без навлегување во детали.

Во нашата рамка уште при првиот предлог во 2020 година што не беше усвоен, истакна Маричиќ, беа ставени и договорот од Преспа и договорот со Бугарија и тоа, според него, не е ништо невообичаено.

Го посочи случајот со Србија и со Косово, кои имаат цело посебно поглавје, а тоа во нашиот случај го нема.

– Ние имаме гаранција тоа што сме го прифатиле и ратификувале во нашето Собрание ќе го исполниме, ништо повеќе од тоа. Другите прашања ќе ги решаваме во билатерален формат со Бугарија. Секако дека било која држава членка на ЕУ, во било кој момент од процесот доколку одлучи може да блокира.

Тоа се покажало на други држави повеќепати, но ние имаме гаранција дека имаме напишано на хартија сите наредни чекори и сите формати и механизми на решавање на разликите. Тоа ни е гаранција дека нема да може своеволно било која држава, во случајот и Бугарија да се повикува на ветото доколку ние си ги исполнуваме обврските и преговараме така како што ни е одредено во преговарачката рамка, појасни вицепремиерот Бојан Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски

Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог

Сите детали: Објавен “францускиот предлог“

МИА/Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

Редакција

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска прими прва доза „рибавирин“

Редакција

Од партијата на Љупчо Георгиевски сметаат дека “францускиот предлог“ има многу елементи што се во интерес на Македонија

Редакција