еМагазин
Image default
Свет

Истражување: Ковид-19 преживува на ткаенини до три дена

Нова студија открива дека вирусот Ковид-19 може да преживее на ткаенини, како што се облека, завеси, теписи или тапацир, до три дена, објави Њујорк пост.

Меѓу полиестерските, полу-памучни ткаенини и 100 отсто памучни ткаенини, полиестерот претставува најголем ризик – над 72 часа. На целосно памучни ткива, вирусот останува еден ден, а на полу-памучни ткаенини останува шест часа.

„Открието би можело да биде особено опасно кога станува збор за облеката што ја носат здравствените работници“, рече д-р Кејти Лаирд, микробиолог и авторка на студијата.

Истражувањето покажало дека три од најчесто користените текстилни ткаенини во здравството претставуваат ризик од пренесување на вирусот.

„Ако медицинските сестри и здравствените работници ја носат својата медицинска облека дома, тие можат да остават траги од вирусот на други површини“, вели Лаирд.

Што се однесува до чистењето на вирусот од ткенините, истражувачите откриле дека се потребни сапун и многу топла вода – најмалку 67 степени Целзиусови за ефикасно 100 процентно чистење на памучната крпа што обично ја користи медицинскиот персонал.

„Оваа студија ја потврди нашата препорака целата здравствена облека да се испере на самото место во болниците или во пунктови за хемиско чистење“, рече Лаирд.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мерцедес автобуси за дигитална ковид вакцинација

Редакција

Русија нема повеќе да учествува во Советот на Европа

Редакција

(Видео) Во Мариупол, градот што повеќе не постои, прекин на огнот за евакуација на цивилите

Редакција