еМагазин
Image default
Балкан

Ива Митева од Има таков народ – нов претседател на бугарското Собрание

Бугарскиот Парламент со 137 гласа „за“ за претседател ја избра адвокатката Ива Митева од партијата Има таков народ, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот, јави дописникот на МИА од Софија.

Митева беше избрана и со гласовите на Движењето за права и слободи, додека ГЕРБ и БСП беа воздржани.

За кандидатот на БСП за претседател на Националното собрание, Кристијан Вигенин гласаа 35 пратеници, колку што е бројот на нивната пратеничка група.

Во својот прв говор новоизбраната претседателка на 46. Народно собрание му посака успех и среќа на новиот бугарски Парламент.

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, вчера објави дека неговата партија нема да номинира кандидат за претседател на Националното собрание, туку само заменик претседателката Росица Кирова, која до пред неколку месеци беше активист на Има таков народ од Видин, но беше исклучена од партијата заради средба со тогашниот бугарски премиер Борисов за време на неговата посета на регионот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По оставката на Коѕијас, Ципрас ќе го преземе неговото место за да го спроведе Договорот од Преспа

Редакција

Молдавскиот стана романски јазик

Редакција

Му украле накит вреден 1,2 милион долари: Саудиски принц тврди дека го ограбиле на Миконос

Редакција