еМагазин
Image default
Балкан

По оставката на Коѕијас, Ципрас ќе го преземе неговото место за да го спроведе Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифатил оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕиjас, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

Ципрас му се заблагодарил на Коѕиjас за неговиот придонес кон владата и земјата во текот на изминатите три ипол години.

Во соопштението се додава дека Ципрас ќе го преземе министерството за надворешни работи за да го спроведе Договорот од Преспа за името, потпишан во јуни.

Коѕиjас, денеска поднесе оставка, еден ден по напната средба на владиниот кабинет кога избила расправија со министерот за одбрана, Панос Каменос, во врска со договорот за Преспа.

Фото: Влада на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коѕијас поднесе оставка поради Договорот од Преспа

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжително вакцинирање за сите полицајци во Србија

Редакција

Поради тоа што ќе ја подржи Владата на Ципрас, пратеникот Спирос Данелис отстранет од пратеничката група на Река

Редакција

Бугарија ќе го слави 24 Мај, како ден на бугарската азбука

Редакција