еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија ќе го слави 24 Мај, како ден на бугарската азбука

Парламентот во Бугарија вчера со мнозинство гласови го преименува празникот што се чествува на 24. мај, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој сега ќе се нарекува „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, а претходно беше „Ден на бугарското образование и култура и словенска писменост“, пренесува БГНЕС.

Предлогот за преименување на празникот дојде од владејачката партија ВМРО-БНД, на Красимир Каракачанов, а поддршка доби и од коалицискиот партнер, ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

Против преименувањето била опозициската партија, БСП, од каде посочиле дека овој потег нема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми, пренесуваат бугарските медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израел формира влада на национално единство, Нетанјаху најави дека секој член на Хамас е „мртов човек“

Редакција

Британската Влада забрани тужби за несакани ефекти од вакцината против Ковид-19

Редакција

(Фото) Конечно успешно отстранети 10 тони опасни хемикалии од кругот на ОХИС, отпадот ќе се уништува во Франција

Редакција