еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Руското МНР предупредува: Тирана, Скопје и Приштина работат на формирање Голема Албанија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русиja, Мариja Захарова преку официјалниот профил на Твитер на руското МНР соопшти дека е „забележителна зголемената активност во Тирана, Скопје и Приштина со изразен „големоалбански“ карактер. Станува збор за обид за постепено формирање на „заеднички албански простор“ надвор од правната реалност“.

Ваквата реакција на Захарова доаѓа по потпишувањето на меморандумот за воспоставување конференција за сите општини населени со Албанци.

Споре неа, Тирана, Скопје и Приштина имаат крајна цел да ја промовираат идејата за Голема Албанија.

Меморандумот се однесува на унапредување на соработката на локалните самоуправи.

„Во реалноста тоа е обид да се создаде пан-албански простор, игнорирајќи го територијалниот суверенитет и границите на меѓународно признатите држави“, вели Захарова.

Таа упати повик до Европската Унија, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина, да ги принуди косовските Албанци да се придржуваат до договорите.

„Унијата треба да спроведе врамнотежена политика по ова прашање и интензивно да работи на почитување на договореното“, напиша Захарова.

Фото: Haber

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски со видеоснимки ќе го оспорува претресот во нејзиниот дом за предметот „Меѓународен сојуз“

Редакција

850 претставници на ЕУ ја обвинија Фон дер Лајен за пристрасност кон Израел во конфликтот со Хамас 

Редакција

До кога „браќа“ Бугари: Прошка треба да барате наместо нови услови

Редакција