еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Конечно успешно отстранети 10 тони опасни хемикалии од кругот на ОХИС, отпадот ќе се уништува во Франција

Вчера во кругот на ОХИС, се изврши утовар на опасен хемиски отпад, односно, 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони што ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, со што продолжи чистењето на една од жешките еколошки точки во државата.

Како што соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), за оваа активност беа известени сите компании што вршат дејност, така што, во текот на утоварот беше воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на ОХИС.

По утоварот се изврши царинската постапка за извоз и отпадот се упати кон постројката за уништување во Франција.

Државниот инспекторат за животна средина констатираше дека постапката на отстранување на отпадните хемикалии во кругот на ОХИС АД во стечај беше успешно завршена, стои во соопштението на ДИЖС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

(Фото) Почна чистењето на ОХИС: Првата тура опасен историски отпад пристигна во Базел

Граѓаните не забораваат: Се бара одговорност и акција за „Охис“

Фото: ДИЖС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ќе ја обжали одлуката за куќен притвор за Рашковски

Редакција

Фондот за пензиско осигурување мора да позајмува пари за навремена исплата на пензии

Редакција

(ВИДЕО) Снимка од дрон покажува што и направи пожарот на Евија

Редакција