еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фондот за пензиско осигурување мора да позајмува пари за навремена исплата на пензии

Владата во текот на минатата година до Фондот за пензиско и инвладиско осигурување извршила трансфери во износ од 29,3 милијарди денари или околу 478 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај за буџетот во 2018 година што го објави Државниот завод за ревизија.

„Фондот за ПИОМ има недостаток на средства за исплата на пензии поради што предвидува покривање на дефицитот со средства преку трансфери од Основниот буџет на државата.

Од извршената анализа на структурата на обезбедените средства за исплата на пензии констатиравме дека 65 отсто од наведените средства се обезбедуваат од Основниот буџет на државата (56% во 2017 година), додека останатите 35 отсто фондот ги покрива од останати извори, што е зголемување на средствата од буџетот за покривање на тековниот дефицит во фондот за 9 отсто во однос на 2017 година“, се вели во ревизорскиот извештај.

Ревизорите укажуваат дека за навремена исплата да пензиите, Фондот дел од потребните средства ги обезбедува од позјамици од Основниот буџет (во висина од 5 милијарди денари) кои во текот на 2018 година се целосно вратени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Набљудувачката мисија на ОДИХР: Локалните избори конкурентни со почитување на основните слободи, загрижуваат правните недостатоци

Редакција

Илија Димовски по аминот за „францускиот предлог“ во Собрание: Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните.

Редакција

МВР: Идентификувани 18 лица од „орото во Гевгелија“, ќе има казнени пријави

Редакција