еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ивица Тодориќ обвинет за падот на „Агрокор“: Гигантот што се сруши како кула од карти

Државното обвинителство на Хрватска поднесе обвинение за случајот со пропаѓањето на „Агрокор“ против Ивица Тодориќ и против уште десетина други лица, пренесоа хрватските медиуми.

Обвинителство отвори истрага против Ивица Тодориќ, против неговите синови Иван и Анте Тодориќ и уште 12 менаџери во „Агрокор“ во ноември во 2017 година поради незаконско присвојување на над една милијарда куни.

Покрај нив, во истрагата за Агрокор се опфатени и повеќе членови на Управниот одбор и други раководни лица во компанијата.

Истражен затвор беше одреден само за Ивица Тодориќ кој откако беше екстрадиран од Лондон во Хрватска беше пуштен на слобода со кауција од 7,5 милиони куни и мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на Загреб.

Инаку, Тодориќ важеше за еден од најбогатите луѓе на Балканот, но неговата империја во повеќе бизниси се сруши како кула од карти откако банките прекинаа да го финансираат.

Според обвинението, тој и неговата екипа ги фризирале финансиските извештаи на компанијата и трошеле огромни суми од пари на луксуз како скијање во Швајцарија, скапа облека и што уште не.

Фото: dnevnik.hr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сајбер-заканите во денешно време ги погодуваат сите, велат од ОБСЕ за хакираната страница

Редакција

Мукаетов панелист на „НЛБ Денот на инвеститори“ во Белград: Регионот е стартна точка за глобализација на Алкалоид

Редакција

Милатовиќ стана претседател: Ќе бидам кохезивен фактор во борбата за подобра Црна Гора

Редакција