еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ивор Мицковски: Францускиот предлог го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја

Со реакција за т.н. француски предлог за решавање на спорот со Бугарија, на Фејсбук реагира политичкиот аналитичар, Ивор Мицковски.

“Путин денеска кажа дека Европа повеќе нема суверенитет.

Човек би посакал големите европски сили да му докажат спротивно, ама после францускиот предлог кој го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја, испаѓа дека сатрапот Путин ќе излезе во право со својот перверзен резон.

Европа со однесувањето кон Македонија ги легитимизира суверенистичките и арбитрарни политички гледишта на Русија и Путин, која неминовно дејствува и во Бугарија.

Жалосно, но ако се заштитеше само Македонија, ќе се испратеше сосема спротивна порака, порака за обединета, помирена, космополитска Европа сочинета од солидарни и суверени држави членки.

Вака, ќе постои тоа што сака Путин.

Едни ќе бидат суверени – други само колонии“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?

„Дојче Веле“: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор

Фото: Фејсбук/Мицковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани се вкупно 220.884 граѓани

Редакција

Димовски до Милевски кој е против францускиот предлог: Ако Владата не ве послуша, повлечете ја поддршката

Редакција

До петок стабилно и потопло време, дожд и заладување од сабота

Редакција