еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?

Со реакција за т.н. француски предлог за решавање на спорот со Бугарија, на Фејсбук се огласи професорот Ѓорги Спасов.

“Бугарските медиуми јавуваат дека во Комисијата за надворешна политика на нивното Собрание стигнал предлог за дигање на ветото за започнување разговори меѓу Македонија и ЕУ.

Некои медиуми тврдат дека тој предлог содржи вклучување на сите барања на Бугарија во преговaрачката рамка. А токму тоа не беше прифатливо за Македонија до сега.

Во Македонија се уште никој не знае за постоењето и содржината на таков предлог од Франција.

Мала е веројатноста Французите да почнале со убедување на Бугарија пред да знаат дали имаат согласност за нивниот предлог и од Македонија.

Ако постапиле така и ако добијат согласност од Бугарија под условите за кои говорат бугарските медиуми тогаш Македонија ќе мора да каже дека направиле сметка без крчмарот.

Ние постојано повторуваме дека сакаме да почнеме преговори но без уцени и нови услови во преговарачката рамка. Ако бидиме уценети во стилот “земи или остави” треба да кажеме остави.

Глупаво е Макрон и ЕУ со некоја своја еквилибристика да ја спасуваат владата на Кирил Петков, а да ја срушат владата на Димитар Ковачевски.

На Макрон му е важен неговиот личен углед и тој би сакал да го спаси кредибилитетот на ЕУ која ветуваше започнување преговори со ЕУ ако се исполнат копенхашките критериуми, кои Македонија ги има исполнето. Но, спасувањето на неговиот углед и на кредибилитетот на ЕУ не може и не смее да се случи на сметка на уривањето на угледот и кредибилитетот на преговарачите од страна на Македонија. Тие исто така не треба и не смеат тоа да си го дозволат.

Колку и да сме очајни и желни за членство во ЕУ, сепак не е крај на светот. Ние не треба да бидиме алчни по некој вид “мечкини услуги”. Многу земји кандидати за членство во ЕУ ги имаат одамна почнато разговорите за членство за кои никој не знае дали и кога ќе завршат.

Нас ни е потребен почеток на разговорите на кои им се гледа крајот и за тоа ни се потребни гаранции. Без елементарна сигурност и јасни правила, кревањето на ветото и почетокот на разговорите ќе биде успех за сите освен за Македонија“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивор Мицковски: Францускиот предлог го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

„Дојче Веле“: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор

Фото: Спасов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девалвација на еврото во Албанија поради туристите и илегално внесените пари

Редакција

Увидот ќе ги покаже причините за несреќата со излетувањето на возот кај Куманово

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува седум лица, плата до 32.825 денари

Редакција