Ќе има ли предвремени парламентарни избори?

Темата предвремени парламентарни избори повторно е во фокусот на јавноста и медиумите, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски во изјава најави дека „набргу ќе има избори“, без да прецизира дали тоа ќе значи пред завршувањето на мандатот на актуелната Влада во 2028 година.

Она што е јасно е дека досега Мицкоски, но и други владини функционери, не беа за предвремени парламентарни избори.

Сепак дел од медиумите нејасната изјава на Мицкоски ја сфатија како најава на предвремени парламентарни избори, а некои веќе најавуваат и дека ако ги има, ќе бидат следната година.

Онаа што е исто така сигурно, на актуелната Влада и престои реконструкција следниот месец.

Според досега објавените неофицијални информации во медиумите, не се очекуваат некои драстични промени на кадрите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вицепремиерот Фетаи се шета по светот, остана мистерија дали се уште зема плата

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести